Ваквиот исход доаѓа откако преговорите меѓу трите синдикати и менаџерскиот тим на ЈСП околу линеарното зголемување на платите за 2.800 денари успешно завршиле.
Покачувањето ќе важи со јунската плата, а со него ќе бидат опфатени сите вработени освен тие што добиле покачување со минималната плата.
– Од наредната плата секој вработен во претпријатието, независно на работната позиција и статусот на вработување, ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минимална плата, пишува во известувањето од директорот на ЈСП Стојковски.