Менаџерот на приватна компанија, која продава долна облека, решил да им подари три куќи на најсреќните работници, што предизвикало вистински ентузијазам.
Компанијата е основана во 1989 година и е присутна во неколку колумбиски градови. Менаџерот М. Гомез истакнува дека успехот е постигнат благодарение на „посветеноста на неговите работници“.
Затоа неодамна за време на роденденската прослава на компанијата организирал специјална лотарија во која тројца работници беа наградени со нови куќи, објави ЛаКарта.
#Viral | Empresario regaló 3 casas a tres de sus trabajadores en aniversario de su negocio. El dueño del Palacio de la Pantaleta, en Sincelejo, tuvo el notable gesto con sus trabajadores en la celebración de los 35 años del negocio. pic.twitter.com/6qJjRTkqAS
— TUBARCO (@tubarconews) November 6, 2024
На мрежите се појави видео од доделувањето на наградите и радоста на вработените и предизвика бројни реакции.
Гомез објасни дека неговата деловна филозофија се заснова на учење од грешките и претворање на тие лекции во нови можности.
„Поминаа 35 години во кои градевме иднина полна со љубов“, рече бизнисменот, признавајќи дека лојалноста и трудот на вработените се од суштинско значење за одржување на стабилноста и проширувањето на бизнисот.