На вработените во институциите во БиХ ќе им бидат исплатени по 500 конвертибилни марки (околу 250 евра) поради значителното зголемување на индексот на потрошувачките цени во 2022 година.
За оваа цел од овогодишната буџетска резерва на БиХ ќе бидат издвоени 10.750.000 конвертибилни марки, (околу 5,5 милиони евра), одлучи денеска Министерскиот совет.
Членови на Претседателството на БиХ, пратениците и делегатите во Парламентарното собрание на БиХ, претседавачот со Советот на министри, министрите и замениците министри, раководителите и замениците раководители на институциите на БиХ, именувани советници и лица кои немаат статус на вработени во институциите на БиХ немаат право на еднократната помош, соопшти Советот на министри.