Без одговор од Владата за зголемување на нивните потпросечни плати, вработените во Медиумската информативна агенција трет ден по ред одржаа предупредувачки протест за време на получасовната пауза.
Тие имаат повеќе бањата до Владата , но како што велат од Синдикалната организација, најитно е зголемувањето на платите за 30% и порамнување со трошоците за живот.
Имаат и финансиски план за годинава кој предвидува пораст на платите, без екстра трошоци од буџетот, но за дозвола чекаат од Владата, со надеж дека набрзо ќе има позитивна разрешница.
Поддршка на протестите добија од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници , кој оцени дека барањата на вработените во МИА се легитимни, бидејќи како што велат, слободата на медиумите и на говорот, па и борбата против лажните вести се невозможни, ако новинарите и медиумските работници земаат потпросечни плати.