Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија по девет години се враќаат во Македонија.
Како што објави порталот СДК, заврши процесот на реституција со кој 21 вредна икона и црковни артефакти однесени при кражби до крајот на годинава ќе бидат вратени во црквите во селата Радожда, Буринец и Селце.
Албанската полиција ги пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чуваа на безбедно во два музеја во Тирана.
-Тие сѐ уште не се вратени, но процесот е во финална фаза. Иконите кои пред скоро десет години се најдени во Албанија, ги идентификувавме и тој процес на реституција и правно веќе е регулиран и затворен. Се надевам дека до крајот на годината тие 21 икона ќе ги вратиме во Македонија, вели за СДК, Сашо Цветкоски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.
Државата започна и втора постапка за враќање на 40 украдени икони од земјава кои албанската полиција во април годинава ги заплени во Тирана.
Целиот текст во СДК.