Новите сопственици најавуваат враќање на легндарниот скопски сендвич, но на нова локација во Скопје.

Како што пишува Репортер, според највата на новите сопственици, легендарната сендвичарница „Чичко Стоилко“ се враќа во главниот град на Македонија, на нова локација, но со стариот автентичен вкус.

Чичко Стоилко е најстариот или еден од најстарите фаст-фуд ресторан на Балканот, создаден во 1975 година, кој повеќе децении беше белег на Скопје, како фаст-фуд во трафика и збирно место на младите на познатото зборно место кај чичко Стоилко или подоцна и кај Ванила пред скопскиот Градски трговски центар.

Тоа место е поврзано освен со вкусот на сендвичите и со вкусот на првите љубови на многу сега средовечни скопјани и скопјанки. Во минатиот век, кај Чичко Стоилко беше зборно место за младите и алтернатива за пропаднатото старо корзо во градот.