На граничниот премин „Табановце” кон Србија и на граничниот премин „Богородица” кон Грција попладнево времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
Претходниот претпладневен извештај на Авто мото сојузот на Македонија беше дека утринава на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија. Но, како одминува денот и привршува продолжениот Велигденски викенд се зголемува сообраќајот на граничните премини и времето на чекање.
Во попладневните и вечерните часови се очекува сообраќајот да биде зголемен и чекањето на граничните премини да трае подолго, со оглед на тоа дека голем број граѓани за продолжениот викенд одмораа надвор од Македонија.
Фото: МИА архива