ВЛЕН го повикува Бујар Османи да престане да се крие и јавно да одговори: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи?, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.
Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари?
Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец.
Државниот завод за ревизија јасно утврди дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат.
Државниот завод е надлежна институција за вршење на ревизија на трошоците на институциите и функционерите. ДЗР изготвува извештаи за трошоците на сите институции и е единствено надлежна за тоа.
По закон, ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а по потреба и до Финансиската полиција. Очекуваме тие институции заради кредибилитет, веднаш да постапат и да утврдат одговорност.
Бујар Османи во својот живот не направил ништо за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту кренал телефон за да помогне. Но, очигледно знаел многу да направи само за себе, користејќи го буџетот на државата за сомнителни трошоци без трага, документ и доказ. Само во овој случај во вредност од над 120 милиони денари.
Чаир не заслужува политичар кој бега од одговори и кој зад себе остава само сомнежи и скандали. Чаир заслужува чесно и одговорно раководство.
Центар за комуникации на ВРЕДИ
Фото: архива