Пред само неколку дена, на нашата прва прес-конференција од 3 јуни, ја повикавме градоначалничката Данела Арсовска конечно да каже кој е вистинскиот сопственик на огромната дивоизградена зграда во Сарај и зошто Град Скопје не презема ништо против урбаната империја на нејзиниот пријател Блерим Беџети.
Наместо одговор – добивме молк. Денес ѝ се обраќаме повторно, со нови факти што го прават нејзиното молчење уште поосомничено.
Г-ѓо Арсовска, не се огласи ниту со збор: Дали госпоѓо Арсовска штитите приватен интерес или личен – поврзан со Беџети?
На кого сте дале заклетва за работа: на граѓаните на Скопје или на дивата бизнис-империја на вашиот близок пријател Блерим Беџети?
Тишината ве претвора во соучесник. Ние знаеме дека сте, ама вака дознаваат и граѓаните.
Пет конкретни точки што бараат јасен одговор од вас Новите документи покажуваат дека:
Изводот од урбанистички план (19.09.2022) веќе е оспорен. Дали постои државна постапка за негово поништување, дали е поништен и зошто Град Скопје не се приклучил?
Инспекциската контрола е направена. Кој е записникот, кој е инспекторот, а кој го чува во фиока? Од што се плашите?
Одобрението за градба морало да биде поништено веднаш по поништувањето на изводот. Дали Општина Сарај и Град Скопје тоа го сториле – или некој притиска да се продолжи градбата?
Изведувачот останал без лиценца. Како е можно нелиценцирана фирма да продолжи да ѕида без реакција од градските служби?
Катастарот е известен за незаконски упис. Дали е избришан тој упис – или си молчите за да стане објектот „факт на терен“?
Овие пет точки не се нова листа барања; тие се логично продолжение на прашањата што веќе ви ги поставивме . Вашиот одговор – или одбивањето да одговорите – ќе покаже дали сте градоначалничка што го брани јавниот интерес или адвокат на приватен бизнис-картел.
Нашето јасно барање
Објавете ги сите документи – решенија, инспекциски записници, дописи со Катастар и со надлежните министерства – и образложете зошто цел апарат на Град Скопје молчи кога станува збор за Блерим Беџети.
Г-ѓо Арсовска, прашањето е едноставно: Што штитите, за кого работите и од што бегате? Колку подолго молчите, толку поочигледна е врската со дивата бизнис-империја во Сарај. ВЛЕН нема да отстапи додека институциите не постапат и јавноста не ги добие одговорите што ги заслужува.
Коалиција „Вреди“