Вчера ветивме дека многу бргу ќе ѝ ја покажеме на јавноста криминалната шема што ја прикрива коалицијата Данела Арсовска – ДУИ – Левица. Вчера ветивме дека ќе ви го покажеме криминалот. Денес сме тука со конкретни документи.
ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина.
Еве го договорот.
Повелете да го видите Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“.
Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано.
Предмет – „интелектуални услуги – давање на совети за заштита на животната средина“ без јасно дефинирани резултати, секако, да потсетам дека човекот на кого ЈП Комунална хигиена му плаќаат скоро 12.000 евра за совети е осумнаесет годишно дете.
Еве погледнет и видете ја едната ставка: 775.000 денари за совети за заштита на животната средина.
Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија.
Секако овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска.
Секако, ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје.
Истото јавно претпријатие веднаш издава фактура бр. 73818 за истата сума од 775.000 денари за „извршени“ услуги. Фактурата е потпишана од истата посредничка фирма, без доказ дека услугата воопшто е започната – камоли завршена.
Рецептот се повторува – втор корисник, близок роднина на директорот на ЈП Комунална хигиена Сабахедин Рустеми.
Погледнете ја Фактура бр. 73819 која носи ново име: Бесар Саќипи – близок роднина на в.д. директорот на претпријатието, Сабахедин Рустеми.
Описот е речиси копи-пејст: „имплементирање нови техники за заштита на животната средина“.
Повторно договорени 775.000 денари.
Истиот ден, истата сума, истата шема – овојпат за роднина на човекот што ја контролира касата. Во еден ден по 12.000 евра за синот на Блерим и за роднината на директорот назначен од Блерим.
Штетата која е направена е 1.550.000 денари – еднаква на годишен буџет за нови контејнери во неколку скопски населби.
Затоа бараме од институциите
Од Јавното обвинителство – веднаш да покрене постапка за злоупотреба на службена положба и перење пари.
Од ДКСК – да отвори предмет за судир на интереси и непотизам.
Од МВР – Единица за економски криминал – да направи финансиска истрага на сите плаќања кон „Веда ДООЕЛ“ и поврзаните лица на Блерим Беџети, Данела Арсовска и Диитар Апасиев.
Од Градот Скопје – да го раскине договорот и да побара поврат на средствата, да го разреши директорот на Блерим Беџети и да свика седница на Советот за да ги информира граѓаните за овој скандал на непотизам и корупција.