Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг.
Ова се истакнува во соопштението од ВЛЕН (Вреди), коалиција на партиите на Албанците во Македонија, кое го обавуваме во целост:
Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.
Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.
Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.
Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.
Коалиција ВРЕДИ