Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ), како нова сила и надеж на Албанците во С. Македонија, решително прогласува крај на долга епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години ДУИ ја користеше за да ја задржи власта, се истакнува во денешното соопштение на владејачката коалиција на партиите на Албанците во Република Македонија.
Во продолжение целото соопштение:
Оваа партија, преку измами и пропаганда, создала изобличена систематска структура која ги повредила интересите на
Албанците и ја спречила нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување.
ДУИ, со долга историја на корупција, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како „гласачи“, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација.
Покрај тоа, многу Албанци останаа во позиции без дефиниран работен статус, и покрај ветувањата дадени низ годините. Овие политики доведоа до губење на надежта и масовно иселување на нашата младост. Коалицијата ВЛЕН на место „балансерот“ ќе воведе нов Закон за правично и адекватно застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници. Коалицијата ВЛЕН останува посветена на осигурување дека правата на Албанците и на сите други етнички заедници ќе бидат загарантирани, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина.
Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за иднината.
Коалиција ВЛЕН