Коалицијата ВРЕДИ не гледа ништо ново во чекорите на ДУИ кога станува збор за најавите дека меѓународните експерти кои ги ангажирала за заштита на легитимитетот го анализираат моделот на државно уредување на Белгија или Северна Ирска. Во одговор за ТВ21 за овие најави, од ВРЕДИ велат дека ДУИ заминува во историјата и се обидуваат на различни начини да избегаат од кривично гонење за направените злосторства.

„Тоа не е нешто ново што доаѓа од Демократската унија за интеграција, ДУИ секогаш се обидува да се прикрие со повикување на големи теми како распадот на Југославија, територијална поделба, па дури и Отворен Балкан. Велиме дека не е нешто ново, бидејќи истата ДУИ правеше слични дејствија во политички монтираниот случај „Монструм“ и со „Случајот Куманово“ во населбата Диво Насеље во Куманово, но и со прислушувањата каде беа високи личности од ДУИ вклучени во коруптивни и криминални зделки. Затоа за Коалицијата ВРЕДИ, но и албанскиот граѓанин, овие игри на ДУИ се веќе познати и знаеме дека преку ова се обидуваат да ги сокријат своите гревови, но ве уверуваме дека ќе одговараат пред органите на прогонот за злосторствата што ги направиле!“, вели Вреди.

Извор: ТВ 21