Вреди е таму во име на 107 илјади албански гласови, а не во име на која било партија или конкретно име. Ние ги претставуваме не само тие 107 илјади гласачи, туку и политичката програма за борба против корупцијата што ја поддржаа тие гласачи. Затоа, Вреди останува посветена на исполнување на своите ветувања и претставување на Албанците, велат од Вреди.
Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која од жед за моќ и страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи. За нас е необјасниво зошто Арбен Таравари стана дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себеси и своето семејство.
Сепак, Вреди сака да ја информира јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локални избори, на кои ќе донесеме промени и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на ДУИ и нејзините функционери во текот на изминатите 23 години“, се наведува во реакцијата на Вреди.