Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што го пренесуваме интегрално.

Обидите ова да се прикаже како „уценa“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник.

Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови. Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер.

Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал. Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече.

Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали.

ВРЕДИ