Продолжува деструктивното однесување на ДУИ. Од вчера во обидите да предизвикаат етнички тензии Артан Груби и неговата клика го злоупотребија ФФМ, на чие чело стои Мухамед Сејдини, се истакнува во денешното соопштение на ВЛЕН (Вреди), коалиција на партиите на Албанците во Република Македонија.
Во продолжение целото соопштение од оваа коалиција:
Целта на криминализираното раководство на ДУИ е да се обиде да се спаси од кривична одговорност за масовна политичка корупција и да го зачува имотот стекнат со грабеж на Албанскиот народ.
Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу ФК Брера и ФК Шкендија, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале Албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што се’ е подготвен Артан “Беливук”?
ВЛЕН апелира до Албанците да не наседнуваат на овие провокации. ДУИ не ги штити симболите на Албанскиот национален идентитет туку го погани светото Албанско знаме со стравот од одговорност за корупциските афери како Соравија, коцкарските бизниси и апашките тендери. Наша должност е да ја предупредиме јавноста и да ја
гарантираме безбедноста на граѓаните. Политиката мора да биде надвор од спортот. Навивачките групи на Албанските спортски клубови се важен сегмент од спортскиот дух на општеството. Затоа, ги повикуваме во наредниот период да бидат особено внимателни да не бидат вовлечени во сценаријата на Недемократската унија за дезинтеграција.
Коалиција „Вреди“
Фото: Архива