Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Претпладне на истокот сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 17, а дневната ќе достигне од 25 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.