Во Македонија денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. На планините над 1.400 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта во источните делови од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне пет степени.
Во следните два дена, до четврток, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.
Утрово најмногу снег 97 сантиметри е измерен на Попова Шапка, 67 во Маврови Анови, 48 во Крушево, а најмалку 3 сантиметри во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Струмица, Куманово.