Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 21 степени.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање и ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Во недела попладне и во наредните денови под влијание на циклонска активност времето ќе биде нестабилно на места со обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.