Во последните денови од оваа 2018 година ќе имаме претежно стабилно и суво време додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначитален пораст но ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, односно времето ќе биде сончево, повремено со мала и умерена облачност додека во сабота и повторно во понеделник ќе дува засилен ветер од северен правец, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во сабота има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, повторно услови за локални слаби врнежи претежно од снег ќе има во понеделник.

За време на новогодишната ноќ ќе имаме променливо облачно време со услови за локално слабо провејување на снег.

Во првите денови пак од новата 2019 година има можност за сосема кратко затоплување на времето, па следува повторно заладување.