Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб снег во северозападните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80 км/час.
Утринската температура ќе се движи од -7 до 2, а дневната од – 4 до 7 степени.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу -1, а дневната ќе достигне до 3 степени.