Времето до крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Поинтезивен дожд ќе има во крајните западни делови.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје во текот на утрешниот ден времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 степен.
За време на викендот, УХМР соопшти дека ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.