Полска би можела да ја напушти Европската Унија поради плановите на владејачките националисти да дадат можност судиите да бидат отпуштени ако го доведат во прашање легитимитетот на владините правосудни реформи, соопшти денеска Врховниот суд на таа земја.
Во соопштението се посочува дека тие планови се во спротивност со европските закони и оти ги зајакнуваат постоечките тензии меѓу Брисел и владејачката партија Закон и Правда.
„Спротивностите меѓу полското и европското законодавство веројатно ќе доведе до интервенција на европските институции во врска со кршењето на договорот во рамки на Унијата и на подолг рок ќе доведе до тоа Полска да ја напушти ЕУ“, оцени Врховниот суд.
Во соопштението се наведува дека предложениот закон е составен така што на претседателот Анджеј Дуда му се овозможува да постави нов претседател на Врховниот суд пред претседателските избори во мај следната година.