Врховниот суд на САД денеска ја поддржа одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од неколку, главно, муслимански земји.
Со тоа Судот го отфрли приговорот дека забраната ги дискриминира муслиманите или дека претседателот со неа ги пречекорил овластувањата.
Одлуката е донесена со пет гласови „за“ и четири „против“ и претставува прва суштинска одлука на Судот за некоја политичка одлука на администрацијата на Трамп.
Главниот судија Џон Робертс писмено образложи дека претседателите имаат суштинско овластување да ја регулираат имиграцијата и појасни дека со пресудата не се изразува политички став.