Инспекторите и другите вработени во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потпишуваат петиција за поддршка на директорот Стојко Пауновски со барање итна средба со премиерот Зоран Заев.
Од таму упатуваат пофални зборови за Пауновски и тврдат дека тој добро ја врши својата работа.
Ваквата одлука следува откако попладнево Заев истакна дека очекува предлог за разрешување на Пауновски поради тоа што не сака да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, бидејќи тие не ги исполнуале условите.
Пауновски, исто така, за правичната застапеност кажа дека и сега 41 отсто од вработените во ДПИ се Албанци.