Џулија Робертс (51) на овогодишното доделување на Оскар се најде во улогата на водителка, а за таа задача избра прекрасна креација.

„Убавата жена“ го прогласи победникот во категоријата за најдобар филм „Зелена книга”. Таа се појави во розов фустан со асиметричен крој со потпис на либанскиот дизајнер Ели Сааб.

Тоалетата ја искомбинира со сандали на Стјуарт Ваицман  и накит на тајванската дизајнерка Синди Чао.

Оскаровката од 2001 година, ја стилизираше нејзината бујна коса во бранови со дискретна шминка што ја истакна нејзината природна убавина.

Широката насмевка по која е препознатлива не ја симна од лице, што комплетниот стајлинг го доведе на уште повисоко ниво.