Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со генералниот секретар на Европската Народна Партија Антонио Лопез, при што се разговарало и за локалните избори.
-Остварив успешна средба со генералниот секретар на Европската Народна Партија, Antonio López-Istúriz и пратеник во Европскиот парламент. Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо. Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.