Здружението за заштита на потрошувачите на Австрија (ВСВ) најави тужба против покраината Тирол поради несовесно однесување во случај на ширење на новиот коронавирус во скијачкиот центар Ишгл и обидот за забошотување на заразата.

За два дена се пријавиле 400 лица, од кои 350 Германци, кои сакаат да ја тужат австриската покраина Тирол.

Според ВСВ, властите во Тирол предоцна реагирале на информациите за инфексијата со Ковид-19 во Ишгл односно се обиделе да забошотат и со тоа избегнале затворање на туристичкиот центар.

 

Во Ишгл, а пред се во ски-барот Кицлох се инфицирале стотина Скандинавци, Германци, но и Австријци.

ВСВ претходно поднесе пријава против претседателот на Тирол, Гинтер Платер, градоначалникот, здужението на жичарници и други претставници на власта. Во исто време упати повик за поднесување на групна тужба од лицата кои се заразила со Ковид-19 на скијање во Тирол.

Здружението најави дека сака да собере изјави од сведоци, со кои треба да докаже дека е пролонгирано затворањето на ски-центарот од чисто комерцијални причини.