Австралиската тенисерка Ешли Барти ноќеска во финалето на турнирот во Мелбурн ја совлада Шпанката Гарбиње Мугуруза со резултат 7:6 (7:3) и 6:4.
Мечот траеше 1 час 49 минути.
Првиот рекет во светот на женскиот тенис имаше 11 аса и направи три двојни грешки, додека Мугуруза сервираше два аса и забележа три двојни грешки.
Турнирот се играше за награден фонд од 565.530 долари.
Од утре во Мелбурн почнува Грен слемот Австралија опен.