Евидентиран е уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавирус, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Досега во Македонија се регистрирани само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација. Првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак.
-Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на бoлеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават, рече министерот Филипче денес во Битола.