Во Шпанија денеска е потврден втор случај на зараза со коронавирус, а во прашање е британски државјанин.
Шпанскиот Национален центар за микробиологија соопшти дека новиот случај е регистриран на Мајорка.
– Британецот, кој живее на Мајорка, се заразил кон крајот на јануари за време на скијање во Франција, каде бил во контакт со инфицирани лица, изјави шефот на шпанскиот координативен центар за здравствени вонредни ситуации Фернандо Симон.
Тој посочи дека Британецот е добро и дека е во изолација. Тестовите покажале дека неговата сопруга и двете ќерки не се заразени.
Шпанските власти се обидуваат да ги идентификуваат сите личности со кои Британецот дошол во контакт во Шпанија.