На градскиот стадион во Пехчево, домашната екипа на „Кит Го“ ремизираше со „Кожуф“ во рамки на второто коло од Втората фудбалска лига – Исток. Пехчевци до предност дојдоа со голот на Петар Најдов во 60. минута, додека израмнувачкиот погодок за „Кожуф“ го постигна Никола Костадинов во 65. минута од натпреварот.
-Очекувавме три бода, бидејки работевме на согледување на недостатоците во играта, од претходниот натпревар со „Беласица“ и затоа имавме мали промени во составот за мечот со „Кожуф“. Еден бод на домашен терен може да биде и мотивирачки, но и разочарувачки. И покрај тоа остануваме цврсто на визијата, идејата и играта која ја подготвувавме за оваа сезона, истакна Стратегот на „Кит Го“, Емил Грнев.
Вториот преставник, екипата на „Саса“ од Македонска Каменица со 4:1 славеше над екипата на „Питу Гули“.
Во следното коло „Кит Го“ Пехчево и гостува на екипата на Плачковица, додека каменичани на гости ќе играат против тимот на Кадино.