Во функција е, ама не произведува струја. Вториот блок на РЕК Битола сега повторно не произведува струја, откако синоќа во 2.45 часот беше пуштен на мрежата.
Од Комбинатот потврдуваат дека на постројката се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот. Ветуваат дека ова ќе заврши до крајот на денот. Сега, струја произведува само еден болк на Комбинатот.
„Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, велат од РЕК Битола.