Вториот дел од автопатот Скопје-Блаце е многу тежок за реализација, вели министерот за транспорт Александар Николовски, кој додава дека според досегашниот проект, од вкупно дванаесет километри, шест се предвидени да бидат тунели. Според него, овој проект е планирано да оди низ планина, а не како автопатот до Блаце, па доколку истото е изводливо, ревизијата на проектот ќе се направи следниот месец, најави министерот.
Ако не, тогаш ќе се подготви нов проект. Министерот Николоски најави дека првите два километри треба да бидат пуштени во рок од два месеца, иако во моментов никаде не се поврзани.
Што се однесува до Коридорот 8, на истиот се работи и се очекува до крајот на 2026 година да биде завршен поголем дел од коридорот. Според Николоски, Коридорот 8 нема никаква врска со пречките на кои се наиде за пругата од овој проект.
Освен делот од Кичево до Охрид, коридорот 8 го опфаќа и делот од Гостивар до Кичево, кој минува низ Букојчани. Според министерот Николоски, делницата Кичево-Букојчани се очекува да почне да се гради напролет 2025 година, додека следната година се очекува да започне со делницата од Букојчани до Гостивар, по завршување на експропријацијата и проектирањето.