Црквата свети Лазар се наоѓа во Ларнака, на Кипар.

Во 890 година, тука се пронајдени коските на светецот. Тоа е неговиот втор гроб, откако од првиот, во Витанија, Исус го воскресна по четири дена од неговата смрт.

До откривање на неговите мошти дошло случајно. Во тоа време, кога е во прашање Кипар, владеел мир помеѓу Римската империја и Арапскиот калифат. Жителите на Ларнака го користеле мирот за да вршат ископувања врз остатоците на црква од 6. век. При тоа, пронашле гробници со саркофази.

Во еден од гробовите под црквата, на еден од саркофазите, пишувало на грчки: „Лазар од четирите денови, пријател на Исус Христос“. Тоа јасно упатувало на Лазар од Евангелието по Јован, кого Исус го воскреснал четири дена по неговата смрт во Витанија близу Ерусалим.

По распнувањето на Исус, Лазар бил во опасност бидејќи бил жив сведок за неговите чуда и со самото тоа опасност за фарисеите.

Поради тоа, морал да побегне кога веќе станало евидентно дека ќе го убијат. Заминал на Кипар, според легендата некаде околу 45 година и бил именуван за бискуп од страна на светите Петар и Павле. Тука тој го проширил христијанството и се смета дека живеел уште 30 години, до 75 година. Тука починал и бил закопан.

Легендата вели дека никогаш не се смеел, освен еднаш, кога се насмеал при една игра на зборови кога видел дека некој краде грнчарски сад за готвење.

Содржината продолжува после огласот

 

Една доза наутро е доволна за да изгубите 18 кг за еден месец!

Неговите остатоци се откриени во 890 година. Биле пренесени во Константинопол во 898 година по барање на императорот.

Во четвртата крстоносна војна, остатоците на Лазар од Константинопол се однесени во Марсеј од страна на крстоносците, каде, за жал, се изгубени или присвоени, по што им се губи трагата.

Но, во 1972 година кога во пожар е уништен дел од храмот Св. Лазар во Ларнака, при обновата, започнало да се копа и во темелите за да се зајакнат. При тоа, била откриена просторија со саркофаг во кој имало некои од коските од светиот Лазар кои биле зачувани на Кипар при пренесувањето во Константинопол, веројатно со дозвола на самиот император.

Тие остатоци денес се изложени во црквата во Ларнака, Тоа е всушност вториот гроб на човекот кој два пати умрел и имал два гроба.