Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант е прогласен за најкорисен играч на 68. Ол-стар НБА натпревар одигран ноќеска во Шарлот.
Дурант средбата ја заврши со 31 поен, седум скока и две асистенции з анеполни 26минути поминати на теренот. Тој имаше 6 од 9 за три поени, и 10 погодени од 15 обиди шут од игра.
-На ваквите натпревари присутни се одлични играчи. Да се биде дел од ваква манифестација е чест и признание, изјави Дурант.
За разлика од претходните години, на овој натпревар на ѕвездите од НБА лигата тимовите беа измешани со играчи од двете конференции. Победи тимот на Леброн Џејмс со 178 поени наспроти 164 постигнати од тимот на Адетокунбо.