Нема да има поскапување на струјата во Србија, вели српскиот претседател Вучиќ во своето интервју за ТВ Прва:

– Цената за невоведувањето санкции е да живееме ужасно во време кога треба да се грижиш за се. Направивме грешка затоа што сакавме да ја зауздаме инфлацијата. Само сакам да кажам дека со цената на дизелот и бензините се занимаваме секојдневно, тоа е секој четврток и петок. Згрешив затоа што им реков на Ана и Синиша да ни го намалат уделот во акцизите и сега губиме 36 милиони евра. И сето тоа за граѓаните да плаќаат поевтино гориво. Ова е неподносливо. Струјата требаше да поскапи пред 10 години, а сега треба некако да ја задржиме истата цена за да не ја зголемиме инфлацијата. Лут сум на Недимовиќ, сакам да скокнам низ прозорец поради неговите изјави за извоз. И се затоа што е под притисок, Министерството за трговија исто така, Стопанската комора… Но, некој мора да биде лош полицаец.

Како што вели, луѓето сега не можат да ја поднесат цената на струјата.

– Видете колку луѓе имате, колку леб, колку пченица и ќе дојдете до заклучок дека 25% од светот ќе биде гладен. За да биде полошо, нема дожд, само гледам кога ќе врне. Што се однесува до нафтата и гасот, сега има големи проблеми, вчера нафтата заврши на 111 долари за барел.