Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва ги повика Србите на Косово и Метохија да не влегуваат во конфликти со НАТО.
-Ги повикувам Србите на Косово, знам како се чувствуваат и колку им е тешко, да не влегуваат во конфликти со НАТО, не затоа што се плашам или затоа што некој од нас се плаши, туку затоа што тоа најмногу го сака Курти. Апелирам и кога ќе протестираат, бидејќи знам дека нема да прифатат окупација на нивните згради, нивните градови и куќи, тоа да го прават на мирен начин, исто како што направија денеска, да седат, бидејќи кога на мирен начин се спротивставуваат на албанскиот окупатор, тогаш никој не може да ги победи, рече Вучиќ.
Иако со месеци зборуваме дека Албин Курти има само една желба, да предизвика конфликти на Косово и Метохија и да доведе до крвопролевање во целиот регион, малкумина сакаа да ја слушнат вистината и сакаа да ја разберат суштината на се што се случува на Косово, додаде вечерва Вучиќ.
Тој посочи дека во последните три дена и политички неписмен можел да разбере што е тоа што се подготвува денеска.
Тој додаде дека „ако албанскиот окупатор пука, тогаш ситуацијата ќе биде сосема поинаква“ и ова е нешто што им го соопштил на сите во НАТО.