Српскиот претседател Александар Вучиќ на јавноста и го покажа најважниот документ досега и постави едноставно прашање до сите западни партнери.
– Почитувани граѓани на Србија, веќе знаете дека ги замолив нашите западни партнери да ми кажат кој од петте важни документи сакаат да го почитуваат. Кумановскиот договор, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот договор или Вашингтонскиот договор.
Српскиот претседател натаму додава:
– Дојдовме до шестиот значаен документ на ЕУ, од 2003 година, познатиот Солунски документ за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. И токму во светло на поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ, т.н. Косово, моето прашање е: Дали ќе ги почитуваат документите што сами ги донеле, па макар и историските, бидејќи во точка 5 од солунскиот документ се вели дека целосно ја поддржува имплементацијата на резолуцијата 1244, па моето прашање од денес е: Кој од овие шест документи сакате да ги почитувате и ќе се договориме апсолутно, рече Вучиќ.