Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го оквалификува како доба вест американското одобрување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС), истакнувајќи дека се е условно, со фактот дека НИС сега има право да добива, плаќа и произведува сирова нафта преку Јадранскиот гасовод.

-Верувам дека тие ќе ја искористат штом ќе платат, на првиот работен ден, што е 5 јануари, за да можат првите 85.000 тони веднаш да се добијат. Да подоцна можат да нарачаат уште еден танкер од 140.000 тони, изјави Вучиќ  пред обиколката на Божиќното село пред зградата на Парламентот.
– Очекувам целосна нормализација на 17, 18 или 19 јануари, непосредно пред тој рок. А, потоа се надевам дека во меѓувреме Русите и Унгарците ќе ја завршат својата работа. Но, добиваме воздух и добиваме можност граѓаните да бидат мирни и да нема проблеми во снабдувањето.

Вучиќ изјави дека рафинеријата во Панчево не работела долго време, поради што се предизвикани огромни проблеми и загуби.

Претседателот на Србија, додаде дека очекува 2026 година да биде најдобрата година досега и посочи дека нема да има економски проблеми ако се реши прашањето со Рафинеријата, но дека се можни разни политички притисоци.