Билатералните односи, енергетско-гасната и воено-техничката соработка, заедничките инфраструктирни проекти беа во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот шеф на дипломатијата,Сергеј Лавров.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лавров на прес конференцијата изјави дека на разговорите е потврден договорот за Стратешко партнерство, притоа ја поздрави избалансираната политика и воената неутралност на Србија, како и непридружувањето на санкциите кон Русија.
– Резолуцијата на СБ на ОН за Косово треба да биде основ за сите можни договори со Приштина, а ЕУ како посредник треба да има практични резултати, да не е пристрана и да го совлада саботирањето на Приштина, меѓу кои е формирањето на Задницата на српски општини (ЗСО), а Русија ќе го подржи она решение за Косово, кое ќе и одговара на Србија, изјави рускиот шеф на дипломатијата.
Тој високо ја оцени соработката меѓу СПЦ и РПЦ, бидејќи во „темелот на ова соработка е одбраната на православните вредности“.
Српскиот претседател ја потврди стратешката определба на Србија за развој на соработката со Русија на сите можни полиња, како и за јакнење на воено-техничката соработка.
-Разговоревме и за состојбата во регионот, многу можев да научам од Лавров, но ги изнесов и нашите ставови околу состојбата во регионот и ја изнесов својата лична загриженост за состојбата и се надевам дека сите заедно ќе имаме разум и сила, сите проблеми и недоразбирања да ги решаваме по мирен пат, преку дијалог-што е трајна определна на Србија, кажа Вучиќ.
На новинарско прашање за диверзификација на гасот на Србија, Вучиќ најви дека српскиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе биде отворен до 30 декември, додавајќи дека „го изградивме нашиот гасовод, кој дефинитивно ни е потребен и тој ќе биде поврзан со Бугарија, бидејќи досега уште немам видено поефтин гас од рускиот“.
-Да се откажам од набавка на руски гас, јас не сум будала ниту ќе дозволам такво понижување на мојата земја. Ќе го отвориме нашиот гасовод до крајот на годината. Што му е гајле не некој каде ние ќе го градиме гасоводот. Нема белким некој да ни забранува на наша земја да ставаме цевки. Ќе купиме најевтин и најдобар гас. Нема да плаќаме рекет на никого во светот и да плаќаме двојно повеќе затоа што тоа на некој му се допаѓа, кажа Вучиќ.