Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Обединетите Арапски Емирати порача дека следната есен и зима ќе донесат нов недостиг на енергенси и тешка ситуација, но дека на Србија ништо нема да ѝ недостига. Како што рече, тој повторно ќе кука, ќе биде морон, кралица на драмата, но дека земјата ќе се снајде во нова криза.
Од ОАЕ, каде што присуствува на саемот за оружје, Вучиќ рече дека платата во одбранбената индустрија ќе се зголеми бидејќи пазарот е неверојатен „бидејќи сите сакаат да војуваат и сите се подготвуваат за војна“, па можеме да продадеме се што се произведува.
Претседателот предвидува дека цела Европа наесен ќе се соочи со недостиг од лекови и дека енергетската состојба ќе биде лоша, но дека ништо нема да недостасува во Србија.
– Повторно ќе се снајдеме. Пак ќе кукам, ќе бидам драма кралица, дебил, морон и будала, но ништо нема да тргне наопаку во Србија. И луѓето треба да го знаат тоа, рече Вучиќ.
Како што заклучи, мораме да се снаоѓаме и да се бориме за нашата земја и да бидеме посилни бидејќи сите околу нас стануваат посилни.