Постигнавме консензус регионот да остане на европскиот пат и ги подржавме намерите на државите од регионот за добивање датум за преговорите и визната либерализација, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот Брдо-Бриони, јави дописникот на МИА од Белград.
-Јас не сум за предлогот на Црна Гора за влез во ЕУ според принципот на „регата“, прво да влезат оние кои предничат во тој процес и не верувам дека во ЕУ за ова сериозно се размислува. И сè да исполневме, и да постигневме компромис со Приштина, пак не би биле во ЕУ…Реалната состојба во Европа е таква дека постои замор од проширувањето, а и во регонот не е мал заморот од таа приказна, но наша работа е да бидеме на европскиот пат и се надевам дека ќе пронајдеме нова енергија. Но не сум сигурен дека сето тоа ќе биде доволно да за година, две, пет влеземе во ЕУ, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој го истакна значењето на регионалната соработка и на воспоставувањето ветеринарни и фитосанитарни испекции 24 часа на границите на Западен Балкан.
Според него едно од прашањата за кои не е постигната согласност на Самитот Брдо-Бриони е клучното прашање за промена на границите, за што Србија се залага за почитување на принципот на неменување на границите признати од ОН.
-ОН се единствената организција во светот каде можеме да се договориме да постигнеме заеднички именител, дека тоа се тие граници, а не како на која земја и се допаѓа, еднаш да може да има промена на границите, а утре да не може да се менуваат и таа наша иницијатива не беше прифатена, но Србија сепак е задоволна со останатиот дел од текстот од самитот, изјави Вучиќ.
Тој додаде да не може да се објасни како тоа „може да се почитува принципот на неменување на границите ако во 2008 година се менуваа границите“, прашувајќи воедно „кога тогаш се сетивте да не ги менувате границите, во 2009 или во 2021 година“, заклучувајќи дека за Србија „не се менуваат границите, освен оние кои се признати во ОН.“
-Се споменуваа граници, како треба да се бришат границите во рамки на регионот за да имаме слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги и многу тоа добро има во заклучоците и задоволен сум што со исклучок на Приштина сите останати се договоримве, изјави Вучиќ.