Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборувал за економските тешки времиња во Европа и како тоа ќе се одрази на Србија.

Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во однос на другите“.

-Најсилни се реално, можат фигуративно да фрлаат пари и веќе потрошија милијарди за да ги спасат своите компании, вели Вучиќ.

-Купуваме нови 30.000 тони мазут поради неодговорни луѓе во локалните самоуправи. Тоа мора да го направиме заради народот, бидејќи нашиот народ ќе ги вклучи греалките ако нема парно, а тоа врши притисок врз електроенергетскиот систем, рекол претседателот на Србија во интервју за Тв Пинк.

Тој исто така најавил дека ќе ѝ помогнат на Македонија околу гасот за ТЕ-ТО.

-Ги решаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа е 5-7 проценти од зимската потрошувачка на струја, додал тој.

– Чекаме да не известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија за нашите граѓани, посочил Вучиќ.