Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за емисијата „Око“ на РТС, рече дека Србија денеска го одбележува денот на жалост за сите убиени Срби, но и за косовскиот полицаец на северот од Косово.
„Србија прогласи ден на жалост поради трагичните настани во Косово, поради смртта на сите луѓе. Од гледна точка на Уставот на нашата земја, сите тие се граѓани на нашата земја. Србија има ден на жалост и за тројцата убиени Срби и за убиениот полицаец”, рече Вучиќ во емисијата „Око” на РТС.
Вучиќ, исто така, одговори на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека Денот на жалост е „најлошиот сигнал што Србија можела да го испрати.
„Точно е дека српските општини во северно Косово прогласија жалост само за убиените Срби. Србија жали за сите, не е првпат Рама да не ја кажува вистината”, рече Вучиќ.