Делував одговорно, се однесував пристојно и имав чест и можност да направам одличен разговор со Доналд Трамп, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој во интервју за „Аваз“ вели дека тоа секогаш би го повторил, бидејќи е негова обврска да стори сé што може за својата земја.

„А се трудев се што предложивме да биде во интерес не само на Србија, туку и на сите други во регионот“, вели Вучиќ.

„Замислете претседател на која било од нашите мали земји во регионот да добие шанса да влезе во Овалната соба, да разговара билатерално, сам со претседателот на Соединетите држави и кога ќе му стават стол, тој ќе рече: ‘Извинете, не ме интересира овој стол, сега ќе го шутнам, па ќе излезам и баш ми е гајле за Соединетите држави, бидејќи за мојата суета е многу важно какво столче ќе биде тоа.’ Секако, тоа не ми падна на памет“, додава Вучиќ.