Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека в сабота или в среда ќе се вакцинира против Ковид-19 со трета доза и додаде дека е крајно неодговорно некој што е член на Владата на Србија или работи како лекар да биде невакциниран, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не знам кој во Владата на Србија не е вакциниран, но тоа го сметам како крајно неодговорно кон граѓаните. Имате право да бидете неодговорни кон себе, но не и кон граѓаните. Тоа е се што имам да кажам, изјави Вучиќ по промоцијата на новите брзи возови.

Тој додаде ќе се вакцинира против Ковид-19 в сабота или в среда, во зависност од обврските и дека тоа најверојатно ќе го направи на Белградскиот саем.

Тој зборувајќи за состојбата со бројот на заразени со коронавирус истакна дека се намалуваат бројките.

Посебно во Белград, но малку по малку и во Ниш и Крагуевац. Се уште не се намалуваат или минимално Нови Сад. Нешто подобро оди во Краљево и Чачак, истакна Вучиќ.