Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека целта на масовната вакцинација против коронавирус е до крајот на мај да се вакцинираат повеќе од три милиони полнолетни жители на Србија.

Изјавувајќи дека вчера е постигнат рекорд на дневна основа со повеќе од 80.000 употребени вакцини, Вучиќ кажа дека низ цела Србија има „огромни турканици“ на местата за вакцинација.

-Несомнено да можеме да вакцинираме повеќе од 3,5 милиони луѓе, но немаме седум милиони вакцини. Никој нема доволно вакцини, секојдневно се бориме и ќе мора да направам уште многу повици за да обезбедам доволно вакцини, кажа Вучиќ.

Тој најави дека во понеделник во Србија треба да бидат доставени околу 106.000 дози на Фајзеровата вакцината, како и да се очекува од Кина да бидат доставени уште 500.000 дози на вакцината на Синофарм.

-Целта е да до крајот на мај да имаме повеќе од три милиони вакцинирани, што е нешто повеќе од 50 отсто од полнолетните граќани кои живеат во Србија, изјави Вучиќ.