Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска изјави дека се очекува Србија да го предаде Косово „на тањир“ и дека се помирила и дека во 1999 година била бомбардирана со право.
„Откако рековме дека нема да се откажеме од меѓународните повелби, Уставот на Србија и територијалниот интегритет, тогаш тие почнаа да прават проблеми“, рече Вучиќ на митинг во Панчево.
Тој изјави дека Србија прави се за да си ги зачува „државата, името и презимето“, но дека се „плаши“ дека ќе мора да бидат уште посилни и поцврсти на тој план, пренесе Бета.
„Правете што сакате и надворешно и внатрешно, но нема да добиете независно Косово како што се надевате. Ќе треба да поставите други“, рече Вучиќ.
Вучиќ се осврна и на најавата на Србите од Косово кои и дадоа рок до 1 јуни на Приштина „да престане со провокациите“ и додаде дека е загрижен поради тоа.
„Што и да каже и направи Приштина, Србија секогаш ќе биде виновна“, рече претседателот на Србија.