Вучиќ очекува во Србија за Видовден да бидат произведени првите роботи.

„Очекувам дека ќе ги имаме првите роботи произведени на територијата на Република Србија за Видовден. За три месеци. На нив ќе пишува дека се произведени во Србија“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека во Белград ќе има летечки автомобили за време на специјализираната изложба Експо 2027

Според него, со наредба на извесна држава која не сакаша да ја именува е формиран воен сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб што бил насочен директно против Србија.

„Знаев што се подготвува, тие формираа воен сојуз. Загреб никогаш немаше да се согласи ако наредба не беше пристигната, нема да кажам од која земја“.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека не сака повеќе поделби меѓу народот и повика на мирни и демократски избори во десет локални самоуправи што ќе се одржат на 29 март..